Vrabotuvanje.com - Специјалист за регрутација и развој на вработени - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за регрутација и развој на вработени

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
 
Специјалист за регрутација и развој на вработени (Recruitment & Development Specialist) 
 
 
Работни задачи и одговорности: 
  • Креирање и објавување на огласи на портали за вработување и други социјални мрежи (Facebook, LinkedIn);
  • Преселекција на потенцијални кандидати користејќи различни канали и извори за регрутација и селекција, креирање на ростери за регрутација, соработка со headhunting агенции; 
  • Учество на интервјуа заедно со претставник на секторот за чии потреби се врши регрутацијата; 
  • Вршење на воведниот тренинг (тренингот за насочување) за новите вработени; 
  • Организира и координира активности на тренинг и други методи за развој на вработените; 
  • Менаџмент на визи за службени патувања на вработените во странство, поврзани со обука и развој;
  • Поддршка на вработени кои се странски државјани (обезбедување на сета потребна документација за престој, дозвола за работа, пријава/одјава во надлежните институции);
  • Изготвување на различни видови на извештаи по барање на претпоставениот раководител;
  • Работа на проекти од доменот на Секторот за човечки ресурси;
  • Други работни задачи по налог на претпоставен раководител; 
 
Образование, искуство, вештини 
  • ВСС од општествени науки (Психологија, Менаџмент за човечки ресурси, Право, Eкономија);
  • Искуство од најмалку 2 години работно искуство во областа на менаџмент на човечки ресурси;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
  • Познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Outlook);
  • Пожелно искуство во производна средина;
     
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за Специјалист за регрутација и развој на вработени/Recruitment & Development Specialist "  преку полето Брза Апликација
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 
 
Краен рок за пријавување: 17/12/2020

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more