КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Работни задачи и одговорности
- Обезбедува опремата за тестирање да функционира на стабилен начин и да ги исполнува барањата од нејзина функционална спецификација;
- Врши анализа на дефекти со цел навремено решавање на проблемите и намалување на прекините на производствениот процес;
- Bрши калибрација и редовно одржување на опремата за тестирање;
- •Соработува со други техничари и инженери кои ги користат податоците од тестирањето со цел да се подобри квалитетот на производите како и процесите поврзани со нивниот дизајн.
- ССС или ВСС од електротехничка струка;
- Теоретско и практично познавање и искуство на енергетска електроника, искуството во сервисирање на потрошувачка електроника ќе се смета за предност;
- Способност за забележување на детали и вештини за решавање проблеми;
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.