КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.
Работни задачи и одговорности
- Планирање и извршување на сите нивоа на превентивно и предиктивно одржување;
- Решавање на секојдневни проблеми со функционалноста на опремата;
- Изнаоѓање на решенија за минимизирање на времето на застој;
- Развивање на решенија за да се намали повторната појава на проблеми со машините;
- Дефинирање и управување со резервни и потрошни делови, како и контрола на процесите во поглед на постоечка како и новата опрема.
- ССС или ВСС електроника и мехатроника;
- Искуството со СМТопрема ќе се смета за предност;
- Познавање на електричните шеми;
- Развиени способности за решавање на приблеми на опремата;
- Аналитички вештини;
- Познавање на SAP или други MES системи ќе се смета за предност;
- Познавање на MS Office, E-Mail - Outlook апликациите;
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Позицијата подразбира работа во смени.