КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
- Обезбедување квалитет на производот кој ги задоволува барањата на купувачот
- Брзо регира при комуникација во насока на решавање на проблемите;
- Подготвува, имплементира и ги следи сите системи поврзани со квалитетот и обезбедување дека тие се во согласност со квалитетот на купувачот и законската регулатива;
- Работи според зададени сертификати за системи за квалитет, но не ограничувајќи се на IATF 16949 и ISO 14001.
- Управување со рекламациите од купувачот, управување со 8Ds и комуникацијата со купувач Управување со аудитите од страна на купувачот (сериско производство & посети);
- Управување со податоците за гаранција на локалните проекти / производи (пр. Следење на перформансите во поле и трошоците за гаранција).
- ВСС од Машинска струка; (Школување, академски студии и стручно оспособување, студирање, понатамошно или дополнително стручно образование или искуства);
- 3 годишно искуство во производна околина на слична позиција во автомобилска индустија, ќе се смета за предност;
- Познавање на стандардите за автомобилска индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 9004, 14001 и 19011);
- Напредно познавање и работа со методите за QM FMEA / SPC / DoE / MSA / Six Sigma / Visual Management / Robust Design како и напредно познавање на 5S / 7M / 7W / 3 Mu / 7 Muda
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) познавање на системот SAP е предност;
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство;
- Силна аналитичка компетентност и способност за решавање проблеми;
- Способност за работа со кратки крајни рокови и работа под притисок.