Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
- Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
- Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
- Возачка дозвола Б категорија.
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
Одлични познавања и претходна работа со:
- Дизајн, имплементација, оптимизација и одржување на Routing, Switching, VPN, Firewalls, IDS, IPS, и VoIP системи;
- Анализирање и имплементирање на нови безбедносни протоколи и технологии;
- Дизајн, имплементација и корисничка подршка на Datacenters;
- Решавање на мрежни и системски безбедносни прашања;
- Искуство во дизајн, имплементација и одржување на виртуелни платформи и решенија (VMware ESX, Hyper-V, Oracle-VM) во мрежен сегмент;
- Монитирање на компјутерски и телефонски мрежи, нивно каблирање, како и останата компјутерска опрема;
- Имплементација, администрација, оптимизација, управување и одржување на Windows Server OS (2003/2008/2012/2014/2016/...);
- Windows Desktop OS;
- Активно го следи развојот на информациската технологија и негова примена во пракса;
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
- Чесност и доверливост;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
- Способност за тимска работа;
- Професионален изглед и однесување и
- Професионален изглед и однесување.
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
Одржување и администрирање на следните сервиси:
- Firewall Systems,
- Routers and Switches,
- Antivirus and Advanced Persistent Threat (APT) Protection Systems,
- Public DNS records, subscriptions, SSL certificates,
- VPN and Communication Links,
- HSM/ESM Encryption Devices,
- 3G Routers for ATMs,
- POS Concentrators,
- Network Monitoring System,
- VMWare и VirtualPC,
- Wi-Fi Network,
- Microsoft Office,
- Windows Desktop OS,
- Развој и одржување на процедурите за инсталација и конфигурација на мрежните уреди;
- Воспоставување на потребите на корисниците, надгледување на корисничкиот пристап и сигурност, како и контрола на дозволи за пристап и привилегии;
- Пуштање во продукција и инсталација на нови апликации и прилагодување на постојните со цел подобро да ја остварат нивната цел;
- Поставување, инсталација, одржување, следење и евидентирање на дефекти при работата со компјутерската и мрежната опрема и комуникациските уреди;
- Инсталација или преинсталација на оперативни системи и потребни услужни програми.
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 16.01.2021 година, на следниов е-маил:
career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 003/2021 – ИТ Специјалист - Инженер за мрежни системи.
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.