КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Работни задачи и одговорности
- Подготување на дневен и неделен план за производствените линии;
- Дневно координирање со одделот за подготовка на производство и запознавање со дневниот и неделниот план за производство;
- Координирање со одделот за продажба;
- Обезбедување на тековна подготовка на производството и достапност на суровините до производните линнии, вклучуваќи контролирање на производството;
- Одржување на оптимално ниво на залихи за WIP и готови производи во однос на капацитетот на производната линија и планираната продажба;
- Контролорот за планирање на производство директно му одговара на Менаџерот за логистика;
- ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ;
- Познавање на MPS и RCCP;
- Искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност;
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail); вклучувајќи ја и можноста за работа во (VBA);
- Искуство во работа на B2B проекти и опкружување;