КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
Машински техничар за одржување
Работни задачи и одговорности
- Инсталирање и одржување на механичката опрема
- Вршење на редовно, превентивно одржување на механичката опрема
- Вршење вонредни /непланирани поправки на механичката опрема за време на производството и изведување закажани поправки на механичката опрема за време на работа на машината
- Дијагностицирање проблеми, замена и поправка на делови, тестирање и прилагодувања на истите
Образование, искуство, вештини
- ССС oд Машинска струка.
- 2+ години искуство со машинско одржување
- Претходно искуство со одржување на чилери; ладилници; кондензатори; компресори за компримиран воздух и индустриски котли
- Познавање на единиците за ракување со воздухот (AHU)
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook)
- Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Машински Техничар за Одржување ", преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.