Vrabotuvanje.com - Планер на материјали - Скопје - ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Планер на материјали

Скопје

Application deadline:

  • ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден

планер на материјали

 

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Ги планира материјалите и е одговорен за испраќање на соодветните распореди за набавка на материјали на добавувачите притоа проверувајќи ги и анализирајќи ги залихите имајќи ги предвид употребата, времето на испорака и финансискиот аспект. Ги креира и ажурира неделните и дневните планови за производство.
  • Го одржува и ажурира системот за планирање на материјали со податоци за набавка на делови, налози за набавка и информации за трошоците за да се достапни тековните информации во секој момент.
  • Соработува тесно со Одделот за набавки за следење на испораката на нарачаните материјали и лично ја забрзува испораката на итните делови за да се исполнат барањата на Одделот на производство.
  • Учествува на состаноците за производство и планирање на материјали и дава информации за статусот и реагира соодветно на промените на распоредот на производство за да го поддржи производството и во согласност со системите за планирање на материјали или други специфични околности.
  • Комуницира и работи директно со добавувачите за да ги утврдат следните акции кога набавените материјали или производи се одбиени од страна на Одделот за квалитет.
  • Ги истражува разликите во примените количества, сертификатите што недостасуваат, листите за пакување итн., ги контактира и работи со добавувачите за да се изнајде решение за проблемот со цел да се исполнат барањата поврзани со производството.
  • Ја координира имплементацијата на инженерските промени кои што влијаат на набавените делови со постојана комуникација со инженерите, одделите за производство, квалитет и/или добавувачите за да обезбеди непречен премин кон новите/променетите делови.
  • Ги ажурира и следи документите за залихи/употреба на хемиски супстанции за да обезбеди усогласеност со законските регулативи.
  • Го известува претпоставениот за статусот на планираните, набавените и испорачаните делови по писмен пат или усно за да може претпоставениот да биде информиран.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование во областа.
  • Познавање на англиски јазик.
  • Пет години искуство во областа(искуство во производство се смета за плус. Дополнително образование може да биде заменето со искуство или обратно.)
     

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more