БЕЛА е докажан македонски бренд кој успешно опстојува повеќе од 25 години на нашиот пазар и кој има сопствено производство за висококвалитетна женска облека. Креираме модерна облека за деловни жени, која се карактеризира со префинет стил и безвременска вредност. Во моментов постојат три продажни салони на БЕЛА во Скопје.
БЕЛА има потреба од следната работна позиција:
продажен асистент (ж)
Потребни квалификации:
- Средна стручна подготовка.
- Пожелно е претходно работно искуство, но не и задолжително.
- Познавање на работа со компјутер и фискален апарат.
- Кандидатот треба да биде одговорен и претставителен, посветен на работата, со позитивен дух и желба за тимска работа.
- Сертификат од обука за продажба ќе се смета за предност.
Основни одговорности и задачи:
- Директна комуникација со клиентите.
- Презентација на производите и нивните бенефити.
- Познавање на составот на материјалите и презентација на нивните карактеристики.
- Продажба и користење на алтки за продажба,
- Прием и пренос на роба.
- Организација на магацинскиот и продажниот простор.
- Одржување на хигиена во продажниот салон.
Работа во прва, втора и меѓу смена во времетраење од 6 часа, во период од 10 до 22 часот од понеделник до недела.
Локација – продажен салон БЕЛА СИТИ МОЛ.
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете ги Вашите пријави со назнака за работното место за кое аплицирате, преку полето "Брза Апликација".
Дознај повеќе за нас на:
www.bella.com.mk