Vrabotuvanje.com - Помошен сметководител - Скопје - ГОЛДЕН АРТ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Помошен сметководител

Скопје

Application deadline:

  • ГОЛДЕН АРТ ДОО

Golden Art е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија. Приказната на Golden Art започна во 2005 година. По многу предизвици и меѓународно искуство, зад нас оставаме над 55 комплетирани референтни објекти во Македонија и Црна Гора, а нашиот тим веќе брои повеќе од 150 посветени вработени кои ја спојуваат својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот – по светски стандарди.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

16 години работиме со љубов и максимална посветеност. 16 години ги градиме Вашите домови од соништата.

ПОМОШЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
 
  • ВСС Економски факултет 
  • Уверение за сметководител 
  • Работно искуство во сметководство
  • Комплетно познавање на финансиско и материјално работење
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office и сметководствени апликации), како предност ќе се смета познавање на програм од инфо биро ЦФМА
  • Аналитички способности
 
ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
 
  • Книжење и контрола на финансиска и материјална документација; Разновидни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
  • Подготовка и пресметка на плата
  • Подготовка и поднесување на ДДВ пријава
  • Познавање и следење на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива
  • Комуникација со сите релевантни државни институции
Плата по договор.
 

Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација.
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.
контакт тел: 072/251-255 ;  070/236-407

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more