Работни задачи и одговорности:
- Координација на дневниот и неделниот план за продажба, како и долгорочното планирање и следење на побарувањата од клиените;
- Непосредно соработува со одделот за планирање на производство, магацин и одделот за транспорт и царина;
- Го подготвува и реализира дневниот/неделниот план за продажба, според побарувањата на клиентите;
- Го следи реализирањето на планот за продажба, одржуваќи ги на оптималното ниво залихите за готови производи во согласност со капацитетот на производната линија и планирање на продажбата;
- Го подготвува транспортниот план за извоз и врши контрола на неговата реализација;
- Го прегледува планот за производство, бара негово прилагодување во зависност од планот за продажба и врши контрола на реализацијата.
Потребно образование, работно искуство, вештини:
- ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ;
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
- Искуство во работа на B2B проекти и опкружување;
- Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност.
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.