КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од:
ПЛАНЕР НА ПАКОВЕН МАТЕРИЈАЛ (Empties Planner) во Сектор за Логистика.
Работни задачи и одговорности:
- Планерот на паковен материјал репортира до менаџерот за Логистика;
- Е во постојана координација со магацинот, одделот за планирање, развој и имплементација на паковните единици и процеси;
- Обезбедува достапнос на пакувните единици во склад со дневниот план на производство, вклучувајќи ги и дневните задачи и контрола на залихите;
- Должностите вклучуваат координација со клиентите врз основ на нивните барања и кооординација според дадена прогноза за ланецот на паковниот материјал;
- Позицијата побарува одлично забележување на деталите и способност за управување со податоци.
Образование, искуство, вештини:
- ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ;
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
- Добри комуникациски вештини, преговарачки вештини, способности за решавање проблеми, организирање вештини;
- Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност.
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Планер на паковен материјал (Empties Planner) " преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.