ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Асистентот за финансиско известување и планирање, учествува во подготовка на годишен буџет и бизнис план, како и контрола на нивната реализација, врши набљудување на поставените системи за контрола, дизајнирани со цел да ги штитат средствата на болницата како и да обезбедат известување на точни финансиски резултати, врши контрола на сметководствената евиденција, а подготвува месечни и периодични менаџмент и финансиски извештаи.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Диплома за завршено високо образование од областа на финансии;
- Минимум три години работно искуство во ревизорска куќа, или во оддел за контрола, финансиско известување или буџетирање (искуство во интернационална фирма ќе се смета за предност);
- Познавање на МСФИ и локалната даночна регулатива;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Excel;
- Способност за тимска работа;
- Висока работна етика;
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Огласот е отворен 10 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
Дискреција на кандидатите е загарантирана.