Vrabotuvanje.com - Презентер - Продавач во маркет - Скопје - АГРОТЕХНА ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Презентер - Продавач во маркет

Скопје

Application deadline:

  • АГРОТЕХНА ДОО

АгроТехнА ,повеќе од 29 години успешно го продолжува својот раст, со голема почит кон човекот и општеството.

АгроТехнА ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за својот развој, каде посебно се важни вештините и залагањата на поединците, кои го формираат тимот, а се наоѓаат во сите нивоа на хиерархијата.

Нашата цел е да поставуваме долготрајни вредности  ,каде што поедниците ќе станат вистински професионалци ,каде што ќе се развивааат заедно со целата Компанија и каде ќе имаат креативен развој на кариерата. Во моментов, имаме потреба од:

ПРЕЗЕНТЕР - ПРОДАВАЧ во маркет

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • Минимум средно образование;
  • Поседување на вештини за продажба;
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ќе се смета за предност;
  • Познавањето на странски јазик ќе се смета за предност;
  • Уредно персонално досие.

Личен профил:

  • Комуникативност, организираност и одговорност;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност.

Ваша задача: 

  • Услужување на купувачите и продажба на мали апарати за домаќинство и бела техника;
  • Работа со документи поврзани со секојневното функционирање;
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба;
  • Други работни задачи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон.

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Почетна плата 15.000,00 , редовни месечни бонуси и наградувања;
  • Работа во смени.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот);
  • Назнака на позицијата за која се аплицира;
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АгроТехнА Атанас и др. ДОО увоз-извоз Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место  испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, со назнака:  “Оглас за ПРЕЗЕНТЕР- ПРОДАВАЧ”.

Огласот е активен до 01.04.2021 година

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more