КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
Оператори за подготовка на алати за лeeње пластични компоненти (Operators for preparing IM tools)
Работни задачи и одговорности:
- Познавање на технички цртежи и нивно толкување
- Искуство во работа со машински/електрични компоненти
- Одговорност, среденост и педантност во средување и подредување на средства за работа
- Познавање од конструирање (заварување, резење навои , прецизни мерења и изработка на констукции –ке смета за предност)
- Поседување на сертификат за работа со виљушкар –палетар или искуство во работа со истите-ке се смета за предност
- Способност за следење и усогласување со упатствата дадени од претпоставените
- Способност за работа во 4 смени
- Следење на инструкции за работа и работни упатства
- Операторот за подготовка на алати за лeeње пластични компоненти репортира cменскиот водител во одделот за леење пластика.
Образование, искуство, вештини:
- ССС – Машинска, Математичка, Градежна, Општа насока
- Искуство во работа со алати за леење –ке се смета за предност
- Искуство во работа со рачен алат –механика, водоводни/топловодни инсталации,познавање на различни видови навои и алати
- Искуство во цртање на основни технички цртези-скици
- Познавање на 5С, и Каи Зен (постојано унапредување-ке смета за предност)
- Подготвеност за учење и организациски способности
- Минимум три годишно работно искуство -во машинска индустрија, ке се смета за предност
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување “Оператори за подготовка на алати за лeeње пластични компоненти " преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.