Vrabotuvanje.com - Референт во администрација - Скопје - АГРОТЕХНА ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт во администрација

Скопје

Application deadline:

  • АГРОТЕХНА ДОО

АгроТехнА, повеќе од 30 години успешно го продолжува својот раст, со голема почит кон човекот и општеството.

АгроТехнА ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за својот развој, каде посебно се важни вештините и залагањата на поединците, кои го формираат тимот, а се наоѓаат во сите нивоа на хиерархијата.

Нашата цел е да поставуваме долготрајни вредности, каде што поедниците ќе станат вистински професионалци, каде што ќе се развиваат заедно со целата Компанија и каде ќе имаат креативен развој на кариерата.
 

Работно место - Референт во администрација

Одговара на : Менаџер за човечки ресурси
Одговорен на-за : Административно работење

 

Одговорности  / Должности:

Активно учествува во целокупниот процес на архивирање, и тоа:

 

  • Архивирање на влезни и излезни документи , и тоа: пред Договори, Договори, Анекси, Фактури, Понуди, Известувања, Одлуки, полномоштва и се останато што ќе произлезе од работењето.
  • Прием на пошта и заведување во книга за евиденција на влезна пошта.
  • Ги чува оригиналите од сите документи согласно позитивните законски прописи,како: Договори, Анекси Фактури, Испратници,Царински документи, и се останато што ќе произлезе од работењето.
  • Прави месечни одјави према синдикати.
  • Ги следи салдата, побарувањата, конфирмациите со коминтентите.
  • Прави затварање на салдата  со компензација.
  • Прави порамнувања на долгувања и побарувања на картици од коминтенти.
  • Ги следи и контролира сите договори за соработка.
  • Прави пријава и одјава на вработени во АВРМ и ФПИОМ.
  • Води редовна евиденција на вработените по сектори за одсуства, боледувања , слободни денови и годишни одмори, решенија за гоишни одмори.
  • Управување со доверливи и деликатни информации.
  • Следење на тужби и опомени по процедура.
  • Води евиденција за редовност на плаќањата тошоците за кирија, комуналии и електрична енергија.
  • Други работи поврзани со секторот.

Потребни лични особини:

  • Висок степен на одговорност,организираност и професионалност.
  • Однесување со највисоки морални стандарди.
  • Уредност, прецизност, придржубање на временски рокови.
  • Спремност за тимска работа во динамично опкружување.
  • Самоиницијативност и спремност на контуинирано учење и усовршување.
  • Силна посветеност кон услугата на клиенти и високо развиен осет за доверливост.
  • Одлични вештини за планирање и организација.
  • Иновативност, динамичност и посветеност.
  • Аналитички вештини и докажано внимание кон детали.
  • Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини.
  • Познавање и почитување на организациска структура.
  • Способност да работи под притисок.

Потребно образование и искуство:

  • ССС IV степен на образование.
  • Најмалку 2-5 години работно искуство во областа.
  • Одлично познавање на Англиски Јазик, говор и пишување.
  • Одлични компјутерски вештини (Microsoft Office – Excel, Word, Power Point, Outlook).

Што нудиме:

  • Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
  • Континуирана обука и можност за напредување во компанијата.
  • Работа во една смена , вкупно 40 часа неделно или 8 часа дневно со 30мин пауза.
  • Редовна плата.
 
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, со назнака: „Референт во администрација“ 

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Огласот е активен до 06.04.2021 година.
Изборот ќе се врши во рок од 10-20 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Општи правила за аплицирање:
Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
Назнака на позицијата за која се аплицира
 

Во очекување сме на Вашите апликации!
Тим АгроТехнА

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АГРОТЕХНА АТАНАС И ДР.ДОО или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more