Vrabotuvanje.com - Тренинг Координатор во секторот за човечки ресурси - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Тренинг Координатор во секторот за човечки ресурси

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Тренинг Координатор во Секторот за Човечки Ресурси (HR Training Coordinator)

 
Работни задачи и одговорности:
  • Централна точка за координирање на активностите на тренинг и обука, во насока на идентификација на потребите за тренинг и развој на вработените и нивно планирање, буџетирање, документирање и евидентирање; 
  • Ги организира и координира активностите на тренинг и други методи за развој на вработените на компаниско ниво;
  • На основа на истражување и соработка со секторските раководители ги утврдува конкретните потреби од интервенција со тренинг за поединечни вработени, со цел подготовка на вработените за следни чекори од нивниот кариерен раст;
  • Регрутација на интерните тренери (обучувачи) и ментори; 
  • Водење, координирање, подучување и евалуација на интерните тренери (обучувачи) и ментори; внатрешните.
  • По потреба, подготвува и спроведува разни обуки и развива методи и прирачници за развој на вработени и подобрување на процеси поврзани со обука и развој, вклучувајжи најразни брошури или други помошни тренинг материјали за обука;
  • Ги координира компаниските проекти за “Летна студентска пракса”, “Инженер на тренинг”, дуално образование, учење преку работа, како и други компаниски проекти поврзани со соработка со општествената заедница.   
  • Ги прилагодува и адаптира глобалните компаниски тренинзи на локално ниво како и предлози за нивно подобрување; 
  • Ги координира активностите за onboarding на нови вработени; за “вовед” на нови вработени, вклучувајќи и контрола на нивната евалуација.
  • Евалуација на дефинираните обуки и методи за развој како и евалуација на процесот за тестирање на вработени кон поголемо ниво на знаење.
  • Работи на имплементација и одржување на база на знаења (knowledge base
  • Ги контролира трошоците за обука по вработен во рамките на интерно утврдени нивоа согласно договорите за вработување. 
  • Континуирано ги евалуира и подобрува дефинираните процеси како и да даде поддршка за кој било друг процес на подобрување со цел да се зголемат резултатите на компанијата.
  • Комуницира со сите нивоа, внатрешно како и надворешно од копманијата за активностите поврзани со полето на работа.
  • Останати не специфични или не рутински активности поврзани со описот на работно место кои се во договор со одговорниот.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС (Психологија, Менаџмент за човечки ресурси, Право, Eкономија, друго);
  • Искуство од најмалку 3 години во работи поврзани со работи на обуки и развој на вработени, пожелно во производствена средина;
  • Искуство во организација, подготовка на материјали и испорака на различни облици на обука и развој на вработени;
  • Искуство во работа со ERP софтвери – модули за работа од областа на човечките ресурси;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на Microsoft Office;
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување  “Тренинг Координатор во Сектор за Човечки Ресурси (HR Training Coordinator) " преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е Работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју
 
 
Краен рок за пријавување: 07/04/2021

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more