Работното место ги опфаќа следните активности:
- Мониторинг на системи
- Обезбедување хелпдеск поддршка
- Мониторинг и поддршка на банкомати
- Администрирање кориснички профили
- Спроведување системска обработка
- Контрола на опремата и на активностите во центарот за податоци
Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
- Одлично познавање работа со компјутери и Windows оперативен систем
- Искуство со ИТ хелпдеск поддршка, мониторинг на системи, решавање и ескалација на инциденти
- Основно познавање Unix или Linux оперативни системи
- Основно познавање компјутерски мрежи и сигурност на информациски системи
- Завршено високо образование, информатичка технологија, електротехника, машински или друг технички факултет
- Одлично познавање англиски јазик
- Работно искуство од најмалку 2 години во областа
Лични карактеристики:
- Комуникативна и динамична личност со способност за преземање иницијативи
- Тимски дух, позитивен став и однесување
- Способност за работа под притисок, соочување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во краток временски рок
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
*Банката обезбедува основна нето-плата од 30.000,00 МКД
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во смени, кои се покриваат во текот на целата недела според план за сменско работење. Банката исплатува додатоци и надомест за работен однос во согласност со законските прописи. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.
Ве молиме вашата кратка биографија (CV) на англиски и на македонски јазик да ја доставите преку инернет на следниов линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-пошта: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. „11 Октомври“, бр. 7, 1000 Скопје со забелешка за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.