Vrabotuvanje.com - Електро инженер - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Електро инженер

Скопје

Application deadline:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

 
 
Либерти Скопје, дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар.
 
За потребите на нашето производство, имаме 1 (една) отворена позиција во оддел Автоматизација.
 
 
Електро инженер (Оддел за автоматизација)
 
 
Клучни одговорности:
  • Во областа на развој / преземање / одржување на софтверски апликации:
  • Анализа, дизајн, програмирање, тестирање, имплементација, одржување на апликативен софтвер за системи за автоматизација со PLC
  • Анализа, дизајн, програмирање, тестирање, имплементација, одржување на HMI софтвер и програми
  • Учество во технички спецификации за хардверски и софтверски апликации направени од надворешни компании
  • Надзор и преземање/користење на софтверски апликации направени од надворешни компании
  • Модификација и надградување на софтверски апликации направени од надворешни компании во согласнот потребите на компанијата   
  • Во полето на DC и AC конвертори (конвертори со еднонасочна и наизменична струја):
  • Анализа, дизајн, програмирање, тестирање и спроведување на апликации кои содржат DC и AC конвертори
  • Учество во развој и дефинирање на технички спецификации за апликации кои вклучуваат DC и AC конвертори направени од надворешни компании 
  • Надзор и преземање/користење на апликации на DC и AC конвертори од надворешни компании 
  • Обезбедува безбедно и сигурно работење на системот за автоматизација.
  • Врши и други бизнис задачи по барање на неговиот/нејзиниот претпоставен.
 
Вештини и компетенции:
  • ВСС VII степен, оддел автоматика
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа
  • Професионална експертиза
  • Комуникациски вештини
  • Презентациски вештини
  • Тимски работник 
  • Стратегиско планирање, управување со ризик и управување со промени
  • Вештини за PLC програмирање (софтвер: Siemens, L1SA, Telemecanique, Unitronics), HMI и SCADA апликации (софтвер: Siemens, L1SA, Telemecanique, Unitronics)
  • Познавање од хардверски системи и опрема за автоматизација
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • ИТ образован
 
Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Аплицирај со назнака „Апликација за Електро инженер“

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more