ПОМИНИ ГО ЛЕТОТО ВО ОХРИД!
БИДИ ДЕЛ ОД СТУДЕНТСКАТА ПРОГРАМА НА КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
КОСТАЛ Македонија е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла, Ауди, Фолсваген...
Како Компанија, ние поттикнуваме средина за учење која помага да се подготвите и да напредувате во индустријата за производство на автомобилски компоненти. Нашата програма за менторство ги поврзува практикантите со искусни членови на тимот за да ви помогне да ги развиeте вашите професионални вештини и полесно да ги достигнете поставените кариерни цели.
Кој може да аплицира?
Тековни студенти, од трета и четврта студиска година, запишани на:
- Машински факултет;
- Факултет за електротехника и информациски технологии
- Факултет за компјутерски науки и инженерство
- Другите технички факултети;
Кога ќе ни се придружите?
- Ова е можност за време на летната ферија, почнувајќи од 05.07 - 03.09.2021 година.
Што нудиме?
- Можност за квалификација во Програмата за стипендија за академската година 2021/22, направeно преку проценка на вашето залагање за време на периодот на практичната работа и резултатите од презентацијата пред менаџментот на Компанијата на отворениот час;
- Конкурентен месечен надоместок за студентска пракса;
- Платено сместување за време на програмата за практична работа за студентите кои не се од Охридско-Струшко-Ресенскиoт регион;
- Превоз од Охрид / Струга/Ресен до КОСТАЛ Македонија и обратно;
- Топол оброк во просториите на фабриката;
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете го вашето CV (биографија) во кое задолжително ќе наведете:
- Релевантни работни искуства (доколку е применливо);
- Проекти на кои имате работено за време на вашите студии (назив, предмет, времетрање на проектот);
- Зошто би сакале да бидете дел од Програмата за летна студенстка пракса на КОСТАЛ Македонија;
И сето тоа направено преку преку полето “Брза Апликација”.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати за студентстка програма ќе бидат повикани на интервју.