Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:
Експерт за кредитирање во филијала Тетово
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
- Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
- Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
- Анализа на ризик и одобрување на кредити
- Нудење можност за продолжување на рок за отплата
- Работа со готовина
- На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на центар за грижа на корисници
Профил на кандидат:
- Релевантно искуство од најмалку 1 година
- Познавање на англиски јазик
- Вештини за преговарање и убедување
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
- Флексибилност за работа од понеделник до сабота
- Можност за обука во Скопје во времетраење од две недели
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје