Саник Инженеринг е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн...
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите.
Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата.
Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.
САНИК ИНЖЕНЕРИНГ
има потреба од следната работна позиција
АРХИТЕКТ-ДИЗАЈНЕР
Потребни квалификации:
- ВСС;
- Минимум три години претходно работно искуство;
- Искуство во проектирање на станбени објекти и ентериери;
- Искуство во изработка на рендери;
- Напредно познавање на работа со компјутери, задолжително познавање на ACAD програм, Archicad програм;
- Напредно познавање на MS Office пакет;
- Oдлично познавање на материјали;
- Силни графички и 3Д способности;
- Познавање на 3DS Max + Vray + Photoshop или SketchUp + Vray + Photoshop;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање на законската регулатива од областа на градењето;
- Возачка дозвола – Б категорија.
Личен профил:
- Креативна, мотивирана, организирана и амбициозна личност;
- Да поседува чувство за дизајн, пропорции и композиција;
- Одлични комуникациски способности;
- Самоиницијативност;
- Да презема одговорност;
- Разработка на дизајн;
- Разработка на технички цртежи;
- Способност за работа во тим.
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.