Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
Во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка за апликации кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти.
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АПЛИКАЦИИ (Full Stack Developer) (М/Ж)
Работни задачи:
- Анализа на кориснички барања Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија
- Имплементација, интеграција и одржување на готови апликативни решенија
- Креирање техничка документација и документирање на изворен код
Потребни компетенции:
- Високо образование (Електротехника или Информатика),
- Одлично познавање на JavaScript/JQuery/Angular(2+)/HTML/CSS и развој на responsive web апликации,
- Искуство со Visual studio.NET (C#, ASP.NET, MVC),
- Искуство со SOAP, RESTfull API, WSDL, XML и XSL/XSLT трансформации,
- Познавање на релациони бази на податоци: SQL Server (T-SQL) и Oracle (SQL, PL/SQL),
- Познавање на софтверски архитектури, шаблони за дизајн и агилни методологии на работа,
- Искуство со Low Code платформи (Appian, APEX, Pega) ќе се смета за предност,
- Одлично познавање на Англиски јазик,
- Релевантно работно искуство најмалку 3 години,
- Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, комуникативност, тимска работа
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.