Vrabotuvanje.com - Помлад Сметководител - Скопје - ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Помлад Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ


Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 
 
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата

Помлад Сметководител
 
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија. 

 
Позицијата вклучува:
  • Прием на сметководствени документи
  • Книжење на влезна и излезна документација и дневна контрола на книжењата
  • Книжење на денарски и девизни изводи
  • Подготовка на дневни извештаи за состојба на готовина
  • Подготвување на извештаи и поднесоци до институции
  • Асистенција во процесот за затворање на месечна сметководствена евиденција
 
На оваа позиција вработениот одговара пред директорот на финансии и сметководство.
 

Профил на кандидат:
  • ВСС – економски факултет
  • Минимум 1 година работно искуство во областа сметководство и финансии
  • Познавање на сметководствените принципи и воспоставена пракса
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Одлични организациски способности
  • Способност за работа во динамично опкружување
  • Комуникативност и доверливост
  • Аналитичко размислување и работа со голем обем на информации
 
Услови од компанијата:
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 
     
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура,  испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на македонски јазик преку полето Брза Апликација.
 
ТИГО ФАЈНАНС обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, религија или убедување. 
 
 
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more