Vrabotuvanje.com - Менаџер на кафе бар - Скопје - ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер на кафе бар

Скопје

Application deadline:

  • ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ
ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје – регионална компанија со дејност трговија со малопродажни објекти, објавува оглас за регрутирање на професионални кадри – потенцијални кандидати за позицијата:
 
Mенаџер на кафе бар
(работа согласно интернационална франшиза за познат странски бренд)
 
 

Главни одговорности:
  • Менаџирање и организирање на објектот на начин предвиден со франшизата
  • Познавање на угостителство
  • Организирање и координирање на вработените ( управување со човечки ресурси)
  • Обезбедување на ефикасно работење на објектот 
  • Планирање и спроведување на набавките, порачките, увоз на роба, изготвување на потребните документи,  и останатите активности во согласност со потребите на објектот
  • Спроведување на сите продажни активности
  • Изготвуваење на програми, понуди, специјални акции и промоции
  • Познавање на процедурите за деловно планирање и раководење со буџет и финансии
  • Стриктно и доследно спроведување на принципите и правилата на функционирање на кафе барот наметнати и дефинирани од страна на давателот на франшиза
 
Потребни квалификации, способности и вештини: 
  • ССС / ВСС ке се смета за предност 
  • Работно искуство на иста/слична позиција ќе се смета за предност
  • Работа под притисок и флексибилно работно време (работа во смени)
  • Одлично познавање на англиски јазик, познавање на грчки јазик ќе се смета како предност
  • Добро познавање на MS Office пакетот, користење и промовирање на објкетот и услугите на социјални мрежи
  • Редовни контакти, професионален и љубезен однос  со добавувачи, клиенти и гости
  • Лидерски способности, комуникативност, лојалност, чесност, вредна и енергична личност, самоиницијативност и посветеност на работата, тимско работење и професионален однос, преговарачки и организациски способности.
 
Ние Ви нудиме:
  • Пријатно работно окружување
  • Можност за напредок и ширење на мрежата 
  • Редовни месечни примања
  • Усовршување и обука во странство
     

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација
со назнака за позицијата “ Менаџер на кафе бар”

најдоцна до 27.04.2021 година

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more