Администратор на апликации за тутунопроизводство
Времетраење на работниот однос: Неопределено
Краток опис на работните задачи:
- Внесува податоци за тутунопроизводството во апликациите за тутунопроизводство.
- Ја следи работата на другите корисници на апликациите за тутунопроизводство и известува за потребните дополнувања или корекции.
- Ги документира и разрешува корисничките прашања и проблеми во соработка со ИТ секторот.
Потребно образование:
- ВСС - економски науки или бизнис администрација
Други способности и вештини:
- Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
Работното време изнесува 40 часа неделно, од 08 до 16 часот.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и дипломи за завршено образование можат да ги проследат до:
Алајанс Уан Македонија
Западен булевар 105
1430 Кавадарци
или со електронска пошта на адреса: aoimk@aointl.com
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 25/04/2021
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на понатамошна постапка за селекција.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Алајанс Уан Македонија се стреми да го промени животот на луѓето и веруваме дека сите ние заеднички можеме да создадеме еден многу подобар свет. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим, преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.