Vrabotuvanje.com - Координатор за безбедност, здравје и животна средина - Скопје - ПИВАРА СКОПЈЕ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Координатор за безбедност, здравје и животна средина

Скопје

Application deadline:

  • ПИВАРА СКОПЈЕ АД

Одговорен е за квалитетно и ефикасно спроведување на системите за управување во оделот за Безбедност при работа, Животна средина и Обезбедување, согласно интерните правила и процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & HEINEKEN.

Што е тоа што го бараме:

  • Високо Образование – Инжeнер за заштита на животна средина, Инжeнер по ЗПР, Машински Инженер, Инженер Технолог, Хемиски Инженер, Градежен Инженер;
  • Со или без работно искуство;
  • Способност за поставување на приоритети според важноста и итноста на задачите;
  • Познавање, почитување и примена на важечки закони, прописи и професионални стандарди што се применуваат во врска со работата; 
  • Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.

Краток опис на основните одговорности:

  • Контрола на усогласеноста со компаниските процедури за БЗР и ЖС;
  • Изработува процедури, упатства за работа, проценки на ризик и води записи;
  • Спроведува обуки за БЗР и ЖС во согласност со планот за обуки;
  • Спречување и намалување на истекувањата и загубите на енергија;
  • Припрема месечни извештаи за „Near Miss & Near Loss”;
  • Го заменува Менаџерот за БЗР, ЖС и Обезбедување на состаноци и повици од страна на корпорациите;
  • Наоѓа нови решенија за подобро управување со отпадот;
  • Месечни и годишни цели за енергија, вода и отпад;
  • Мониторинг план за мерења на аспекти на БЗР и ЖС;
  • Комуницира со државни инспекции од областа на трудот, заштита и спасување, техничка инспекција и заштита на животната средина;
  • Се грижи за правилна работа на Пречистителна станица за третман на отпадни води;
  • Се грижи за подобрување на безбедното однесување на вработените и контракторите.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: 

  • да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 06.05.2021 

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до недела, 40 работни часа неделно во три смени.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Македонија со 99 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more