Vrabotuvanje.com - Менаџер за безбедност, здравје и заштита на животна средина - Кичево - ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Менаџер за безбедност, здравје и заштита на животна средина

Кичево

Application deadline:

  • ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА

За подобрување на нашиот тим во Кичево, ние сме во потрага по 

Менаџер за безбедност, здравје и заштита на животна средина

Задачи: 
  • Ја менаџира и контролира примената на мерките за БЗР на работни места кај работодавачот 
  • Менаџира, координира и организира спроведување  на процесот за процена на ризици од повреда на работа, професионални заболувања и заболувања во врска со работата и учествува во изготвување на Акти за проценка на ризикот на работно место и околината.
  • Го контролира и следи начинот на кој се применуваат законските прописи во сила за безбедност и здравје  на работно место, контрола на садови под притисок, дигалки и кранови, од страна на сите вработени.
  • Ги контролира и менаџира  советувањата на  надлежните од сите оддели од компанијата во врска со законските прописи во сила и нормите за БЗР, итни случаи, спречување и гасење пожар итн.
  • Предлага измена и дополнување на актите за проценка на ризикот на работното место и околина доколку за тоа постојат оправдани причини
  • Менаџира и координира спроведување на заштита при работа кога постои промена во процесот на работа, локација или др. измени во процесот на работата;
  • Спроведува примена на законски и други барања и се придржува до сите релевантни закони и прописи во областа на безбедноста и заштита на работа 
  • Спроведува интерни проверки на системот за заштита на здравјето и безбедноста на работа во согласност со Законите и интерните акти на работодавачот. 
  • Ја контролира и проверува идентификацијата на опасностите и проценка на ризиците за секоја компонента од работниот систем, соодветно за извршување, работни задачи, работните средства/работната опрема и работната средина по работни места/работни станици
  • Врши надзор на утврдувањето на зоните кои бараат сигнализација за безбедност и здравје на работното место, одредувањето на потребниот вид на сигнализација и лоцирање според законските одредби во врска со минималните барања за сигнализација за безбедност и/или здравје на работното место,
  • Го менаџира евидентирање на работните места кои бараат дополнителни медицински прегледи, како и евидентирање на работните места кои, по препорака на докторот по трудова медицина, бараат тестови за способност и/или периодична психолошка контрола;
  • Го следи изготвувањето на евиденција во врска со опасните инциденти, несреќите на работно место и професионалните заболувања и изработката на извештаи за несреќи при работа, претрпени од страна на работниците;
  • Дефинира специфични цели и изработува програма за унапредување на системот за заштита при работа. 
  • Менаџира и координира проверката за исправност на средствата за работа електричните инсталации , осветлувањето, микроклиматските параметри во работните простории  како и примена на задолжителните Упатства за безбедна работа и нивно одржување.
  • Спроведува обезбедување на лични заштитни средства и опрема ,нивно користење и одржување на адекватен начин.
  • Го изготвува годишниот буџет за средства за трошоци
  • Ги следи и контролира воспоставувањата и спроведувањата на исполнување на мерките и активностите за превенција и подготовка за интервенција во случај на опасност,
  • Задолжителна обука на вработените за БЗР 
  • Спроведува истражување на инцидент во случај повреда на работа ,давање  прва помош и изработка на извештај  за повредата на работа.
  • Спроведува примена на други мерки утврдени со законски , подзаконски или интерни прописи на компанијата
  • Спроведува примена на други мерки утврдени со законски , подзаконски или интерни прописи на компанијата
  • Редовно го известува непосредниот раководител и одговара за веродостојноста на податоците
  • Се придржува на етичките принципи и делува во склад со политиката и процедурите на Компанијата. 
  • Одговорен е за примената на мерките за БЗР, правилна примена на законот за безбедност при работа и други прописи од областа како и за правилникот за БЗР 
  • Одговорен е за мерки од противпожарна заштита и екологија 
  • Учествува во обезбедување на правилно функционирање на системот на квалитет во согласност со стандардите.
     
Предуслови:
  • Високо образование
  • Лиценца за Стручно лице за безбедност при работа.
  • Обука за прва помош, противпожарна заштита, евакуација и спасување.
  • Обуки од областа на менаџмент со безбедноста и здравјето на вработените согласно барањата на меѓународниот стандард OHSAS 18001:2007.
  • Обуки од областа на менаџмент со заштита на животна средина согласно барањата на меѓународниот стандарди ISO 14001:2004
  • Лиценца за управување со отпад
  • Обуки од областа на селектирање и менаџмент со различни видови на отпад
  • 3 години претходно работно искуство во областа
  • Англиски јазик-напредно ниво

Ве молиме испратете ја Вашата апликација за работа на македонски и англиски јазик, преку полето Брза Апликација.
Телефон: +389 45 273 913

Џојсон Сејфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево
Човечки ресурси
ТИРЗ Кичево, 6250 Кичево, Македонија

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more