Vrabotuvanje.com - Вработување во Енерго Систем - Скопје - ЕНЕРГО СИСТЕМ Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Вработување во Енерго Систем

Скопје

Application deadline:

  • ЕНЕРГО СИСТЕМ Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје

ЕНЕРГО СИСТЕМ е приватна компанија од Скопје, со повеќе годишно искуство во проектирање, изведување и продажба на системи и опрема за термотехнички инсталации, греење-ладење и вентилација, гасоводни инсталации, проекти за заштеда на енергијата и обновливи извори на енергија.

Вработување ХР Солутионс, за потребите на Енерго Систем бара искусни

 

1. Проект Менаџер (1 работно место)
 
 
Главни одговорности и обврски за позицијата се:
  • Планирање, иницирање, дизајнирање на проекти за машински / инсталации за греење, ладење, вентилација
  • Анализа и намалување на потенцијалните ризици на проектите
  • Следење на остварувањето на планираниот буџет за проектот, ресурсите и временските рамки
  • Контрола и финализирање проекти за инсталациите во објекти
  • Управување со тимови
     
Потребни квалификации и вештини: 
  • Високо/вишо образование – предност Машинство или сродно техничко образование
  • Предходно работно искуство 3-5 години на слична позиција за реализација на проекти во имплементација на машински инсталации
  • Пожелно искуство во проектирање на машински инсталации во различни типови на објекти
  • Способност за планирање, иницирање, дизајнирање на проекти
  • Одлично владеење со англиски јазик (предност познавање и други странски јазици) и компјутерско работење, работно користење на системи-софтвери
  • Ориентираност кон остварување на резултати и способност за менаџирање на приоритети
     
 
2. Раководител на сектор Сервис ( 1 работно место)
 
 
Главни одговорности и обврски за позицијата се:
  • Способност за планирање, иницирање, следење и контрола на работните процеси во сервисот..
  • Организација на внатрешната сервисна група и надворешните соработници
  • Матерјална и финасова евиденција на работата и изготвуванје на соодветни извештаи
  • Креирање и реализација на нови сервисни производи
  • Анализа и намалување на потенцијалните ризици на работните процеси и  трошоците;
  • Следење на остварувањето на планираниот буџет, ресурсите и временските рамки за реализација на активностите
  • Контрола на работните процеси и проектите
  • Управување со тимови
 
Потребни квалификации:
  • Високо/вишо техничко образование, предност машинство или сродна област
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работно користење на MS Office и интерни системи за работа
  • Долгогодишно работно искуство во областа со која раководи (над 5 години)
 
3. Сервисер за опрема за греење и ладење
(Фриго опрема) ,електро и машински активности (1 работно место)
 
 
Главни обврски и потребни квалификации за позицијата се:
  • Пуштање во работа, сервис и одржување на опрема и уреди за климатизација
  • Минимум ССС
  • Предходно работно искуство во монтажа
  • Сервис и одржување на опрема и уреди
  • Активен возач со Б категорија
  • Основно познавање на Англиски јазик и компјутерско работење
 
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација, со потребни документи: Мотивационо Писмо и тековна Биографија.
 
Апликациите ќе се прифаќаат до пополнување на работното место.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
 
Ви благодариме за вашиот интерес.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more