Vrabotuvanje.com - Брокер во Служба за услуги со хартии од вредност - Скопје - НЛБ Банка АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Брокер во Служба за услуги со хартии од вредност

Скопје

Application deadline:

  • НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Банката во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Службата за услуги со хартии од вредност во рамки на Деловниот сектор за финансиски пазари и средства. Службата за услуги со хартии од вредност како овластен учесник на пазарот на капитал, е една од најактивните учесници на Македонската берза и прва членка која воведе тргување со хартии од вредност на странски пазари.

Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвиците, Ве покануваме да се пријавите на отворената работна позиција:

БРОКЕР ВО СЛУЖБА ЗА УСЛУГИ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Твоите работни цели:

  • Воспоставување и проактивно негување и развој на деловни односи со клиенти – резиденти и нерезиденти физички и правни лица;
  • Информирање на клиентите за пазарните случувања на домашната и странските берзи;
  • Прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност;
  • Тргување со хартии од вредност по налог и за сметка на клиентите и во име и за сметка на Банката;
  • Известување на клиентите за околностите поврзани со хартиите од вредност на нивната сметка;
  • Изработка на предлози за органите на одлучување.

Твојот профил:  

  • Универзитетско образование;
  • Положен стручен испит за работа со хартии од вредност (брокер);
  • Претходно работно искуство во работење со хартии од вредност ќе се смета за дополнителна предност;
  • Изразени комуникациски и преговарачки вештини, ориентираност кон клиенти, ангажираност, иницијативност, одговорен и темелен пристап кон работата;
  • Способност за тимска работа, aналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Твој мотив да ни се придружиш:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција, најдоцна до 28.05.2021 година.
 
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.  
НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more