Vrabotuvanje.com - Coke Summership 2021 (Field Sales) - Скопје - ПИВАРА СКОПЈЕ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Coke Summership 2021 (Field Sales)

Скопје

Application deadline:

  • ПИВАРА СКОПЈЕ АД

„ПИВАРА СКОПЈЕ АД како дел од мултинационалните семејства на Coca Cola HBC & HEINEKEN ви овозможува комбинирана летна пракса (терен-онлајн), препознавање на вашиот потенцијал и почеток на вашето професионално усовршување"
 

ШТО ПРЕТСТАВУВА ЛЕТНАТА ПРАКСА?

  • Одлична прилика што ќе ти овозможи да го запознаеш светот на Пивара Скопје како дел од Coca Cola HBC & HEINEKEN;
  • Ќе имаш работа на терен, но и онлајн, ќе работиш проект и ќе имаш состаноци со менторот и тимот;
  • Ќе стекнеш нови знаења, ќе запознаеш луѓе,но и ќе се забавуваш;
  • Праксата ќе трае 5 работни недели исполнети со работа и дружење почнувајќи од 12.07-20.08.2021;
  • Ќе имаш можност да одиш на терен и да ја следиш нашата екселенција во продажбата;
  • Ќе имаш можност да анализираш податоци од целата групација и да ги користиш во рамките на твојот проект;
  • Твојата работа ќе биде менторирана од повеќе докажани професионалци во областа;
  • Сите студенти кои ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за учество.

КАКО МОЖЕШ ДА СЕ ПРИЈАВИШ ЗА ПРОГРАМАТА?

  • Сите амбициозни и заинтересирани студенти (сите градови) кои се во последната година од своите студии, апсолвенти или постдипломци кои имаат интерес во полето на Продажба, Маркетинг, Финансии, Производство и Логистика можат да земат учество и да аплицираат за Coke Summership 2021 програмата.
  • Пристапете на копчето Apply now и очекувајте да бидете исконтактирани за процесот на селекција. Бројот на кандидати кои ќе земат учество во програмата е ограничен.

Сите заинтересирани кандидати ќе поминат преку дигитален процес на селекција, а пријавата ќе можат да ја реализираат најдоцна до 20.06.2021

ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИШ?

  • Затоа што ќе имаш можност да стекнеш реално работно искуство на терен и од далечина, прилагодувајќи го своето работно време и распоред;
  • Затоа што ќе соработуваш со меѓународни тимови на тековни проекти;
  • Затоа што ќе научиш многу нови пристапи и ќе запознаеш луѓе од целата групација на Coca-Cola HBC & HEINEKEN;
  • Ќе имаш можност да воочиш како Пивара Скопје се соочува со новите предизвици и да контактираш со нашите клиенти;
  • Затоа што често излегуваш надвор од комфорната зона и уживаш да работиш на проекти;
  • Затоа што знаеш да изработиш одлична power point презентација;
  • Затоа што течно говориш и пишуваш англиски.

Пријави се веднаш и кажи ни во една реченица зошто баш ти си вистинскиот тип за Coke Summership? Среќно!

Apply now polnacasa.mk

 


COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more