Vrabotuvanje.com - Електротехничар во електро одржување - Скопје - ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Електротехничар во електро одржување

Скопје

Application deadline:

  • ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги  остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,   насочени кон постигнување резултати  и размислувате долгорочно, станете дел од една од
најуспешните компании во земјата 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ВО ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ

Избраниoт кандидат ќе бидe задолжени за електро одржување на индустриски машини (трансформатори, мотори), трансформаторски станици и релејна заштита, PLC управувани машини, лабораториски инструменти и друго во Одделението за електро одржување.

Кандидатoт преку работење според план придонесува кон перформансите на тимот за електро одржување. Работите ги извршува според законските прописи и компаниските стандарди за безбедност и здравје при работа. Извршувањето на задачите го прави во најголем дел самостојно, или како дел од тим. Работното време се одвива во три смени.

Нето плата за работното место е од 24.000 до 28.800 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа со што нето платата достигнува до 30.000,00. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
 

Потребни квалификации: 

  • Средно електро техничко училиште, IV степен, електротехничка насока
  • Работно искуство од 1-3 години во индустрија  ќе се смета за предност
  • Познавање на PLC и компјутери ќе се смета за предност
  • Познавање на MS Office, AutoCAD, Windows OS
  • Познавање на релејна заштита, ел.енергетски постројки, енергетски трансформатори и ел.мотори (за електротехничар)
  • Познавање на англиски или германски јазик ќе се смета за предност

Конкурентски предности:

  • Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања
  • Тимска работа и кооперативност
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Решавање на проблеми


Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 

  • Мотивациско писмо 
  • Биографија (CV) 
  • Доказ за завршено образование 


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk/mk/kariera/pridruzhete-ni-se каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more