Vrabotuvanje.com - Оператор на CNC машина и ерозимат - Скопје - ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Оператор на CNC машина и ерозимат

Скопје

Application deadline:

  • ТЕ-ТЕ ПЛАСТ ДООЕЛ
 
 

ТЕ-ТЕ ПЛАСТ д.о.о.е.л. е извозно ориентирана компанија која што се занимава со изработка на алати/калапи за бризгање/дување пластика и сериско производство и монтажа на компоненти од пластика. 

За потребите на друштвото нудиме можност за ангажирање на определено време на кандидат за следната позиција:

ОПЕРАТОР НА CNC MAШИНА И ЕРОЗИМАТ (2 лица)

 
 
Главни работни должности:
  • Подготовка на материјал за машинска обработка (сечење, порамнување, брусење)
  • Подготовка на машината за работа (стегање, базирање, фаќање центар на парче)
  • Подготовка на алат потребен за машинска обработка (стегање глодала и бургии)
  • Мерење на алатот за машинска обработка (должина и пречник) и ставање на истиот во магацин на машината 
  • Пуштање на NC програмите и обработка на парче
  • Проверка на толерисаните димензии (пасуван склоп, водилки) 
  • Рачно режење на навој (по потреба)
 
Потребни квалификации:
  • Основно познавање на механика
  • Со и без работно искуство
  • Работното искуство ќе се смета за предност
 
Способности кои се потребни да се поседуваат:
  • Способност за работа во тим
  • Одговорност
  • Организациска способност за работа под притисок и запазување на крајни рокови
 
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV преки полето Брза Апликација, со назнака: Апликација за работно место: Оператор на CNC машина. 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 
 
Те-Те Пласт д.о.о.е.л.
Ул. Борис Трајковски 135,1000 Скопје
T: +389 2 2467 741, Ф: +389 2 2467 742
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more