Vrabotuvanje.com - Инженер за развој на ИТ решенија - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер за развој на ИТ решенија

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.   
 
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo лицe на работно место:
 
 Инженер за развој на ИТ решенија  
 
Одговорности:
  • Oдговорен и вклучен во целокупните развојни back-end активности за време на спроведувањето на ИТ решенијата;
  • Одговорен  за имплементација на дизајнот на решенијата и усогласување на барањата за дизајнот и оние на корисникот;
  • Добро познавање на Java, Spring Framework / Spring Boot;
  • Разбирање на DevOps концептот и работење со Docker Containers;
  • Креирање на шеми на бази на податоци што ги претставуваат и поддржуваат деловните процеси;
  • Вешто познавање на алатките за креирање на верзии на кодовите, како што е Git.
Што очекуваме:
  • Тимски играч
  • Отвореност и подготвеност за учење на нови технологии
  • Ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини
  • Иновативност
Квалификации:
  • Технички факултет – ИТ и компјутерски науки, телекомуникации, Електротехнички факултет или други факултети;                       
  • 1 година соодветно работно искуство:
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање и искуство со Jira, Confluence, MS Project и други алатки за управување со проекти;
  • Способност за работа во средина каде брзо се извршуваат работните задачи и почитување на крајни рокови, приоритети и ограничувања;
  • Способност за работа со Agile и  каскадна методологија
Работно време:
  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија;
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата;
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој;
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ;
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата;
  • Останати бенефиции како вработен во МК.
 
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Инженер за развој на ИТ решенија
 
Огласот ќе биде објавен на ден  03.06.2021 година и ќе трае  до  13.06.2021 година
 
Контакт информации тел. 02/3 242-602.
 
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
 
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more