Vrabotuvanje.com - Асистент за набавки и управување со залихи - Скопје - Атлантик група
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Асистент за набавки и управување со залихи

Скопје

Application deadline:

  • Атлантик група

Заврти нова страна исполнета со нови вкусови на искуство и не ја пропуштај оваа можност!
Зграби ја можноста и пријави се!

АСИСТЕНТ ЗА НАБАВКИ И УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ
 
 

АКО МИСЛИШ ДЕКА:

  • Те интересира набавката на производи и управувањето со залихи;
  • Ја сакаш динамичноста и важна ти е брзината и квалитетот на извршените дневни задачи;
  • Си одговорна и самоиницијативна личност со развиени организациони вештини;
  • Си комуникативна, тимски ориентирана личност и те исполнува соработката со добавувачите и шпедицијата;
  • Ја познаваш работата во МS Office и англискиот јазик;
  • Имаш возачка дозвола Б категорија. 

ТОГАШ ПОЗИЦИЈАТА АСИСТЕНТ ЗА НАБАВКИ И УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:

  • Ја следиш состојбата на залихи и да учествуваш во целокупниот процес на набавка на производи;
  • Нарачуваш роба и да организираш превоз за одредени програми;
  • Вршиш прием на роба и припремаш целокупна документација која ја доставуваш до магацинот;
  • Ги внесуваш комерцијалните податоци за артиклите во ЕRP систем (МIS);
  • Учествуваш во активацијата на акции и префрлување на акциски количини;
  • Бидеш во комуникација со шпедицијата и добавувачите околу тековните потреби и увозот и вршиш координација со цел безбедно пристигнување на робата во магацинот.

ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ:

  • Атлантик Група ти нуди многу бенефиции; покрај стимулативна работна средина со најнова технологија и услови на работа, тука се и божиќница и регрес, како и бројни поволности за вработените (подароци и бенефиции).
  • Нашите вработени имаат на располагање низа различни едукации и развојни програми во согласност со деловните потреби.
  • Во Атлантик на нашите вработени им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти од својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit и Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
  • Сепак, она што е најважно не е напишано на хартија, ќе работиш во луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите!

Заинтересиран си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.   
Атлантиковци 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more