EВН Македонија и нејзините друштва вршат дејности од областа на дистрибуција, снабдување и производство на електрична енергија. На македонскиот пазар компанијата е присутна над 15 години како дел од групацијата ЕВН АГ Австрија и претставува доверлив работодавач за своите вработени кој нуди конкурентни услови на пазарот на труд и различни можности за развој. Цел на ЕВН е одржување на висока професионалност и континуиран квалитет на услугите за своите корисници.
КАРИЕРА ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА
Доколку имате желба да бидете дел од голем и успешен тим, да ги реализирате своите амбиции и остварите професионален развој во меѓународна групација, како и да придонесувате кон остварување на растот и развојот на една од најуспешните компании, аплицирајте за
ОГЛАС ЗА ВЛЕЗ ВО БАЗА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ (М/Ж) за
Оператор во контакт центар
КОГО бараме?
Кандидати со средно образование и релевантно работно искуство од најмалку 1 годинa, одлично познавање на MS Office, флексибилност за работа во смени и ноќна работа, исполнителност, иницијативност, одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа.
ШТО нудиме?
Работа во динамична работна средина, во рамки на која ќе ги развиете Вашите професионални вештини и знаење. Овозможуваме предуслови за развој на Вашиот потенцијал на професионално поле. Осигуруваме позитивна работна средина и баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.
КАКО да аплицирате?
Испратете ја Вашата Биографијa, копии од дипломи и сертификати и мотивациско писмо наjobs@evn.mk со назнака “За влез во базата на потенцијални кандидати за оператор“, најдоцна до 30.06.2021.
Го задржуваме правото да Ве контактираме за отворени позиции за кои ги исполнувате условите, доколку имаме потреба во иднина.
Согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај наведените документи треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.
ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Откријте го светот на ЕВН и искористете ја можноста за одличен развој на Вашата кариера!
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!