Vrabotuvanje.com - Раководител на експозитура во Скопје - Капиштец - Скопје - УНИ БАНКА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на експозитура во Скопје - Капиштец

Скопје

Application deadline:

  • УНИ БАНКА


 

В Р А Б О Т У В А М Е
Раководител на експозитура во Скопје - Капиштец!

 
Ако твојата желба е работа во динамична работна атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и придружи се кон успешниот тим на професионалци.
 
Уни Банка нуди модерни услови за работа и можност за постојан развој и надоградување, месечна нето плата во зависност од искуството и квалификациите, како и бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
 
Можеби токму ТИ, ни требаш во нашиот тим!

 
Потребни квалификации:
  • Работно искуство од најмалку 3 години - банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот;
  • Одлично познавање на пазарните прилики;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Избраниот кандидат треба да поседува:
  • Менаџерски и лидерски способности;
  • Силни преговарачки способности и страст за продажба и работа со клиенти;
  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
  • Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации; 
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
  • Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.
 
Од кандидатот се очекува:
  • Да ја организира, координира, раководи, контролира и дава иницијативи за унапредување на работата во експозитурата;
  • Да се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата каде што е претпоставен;
  • Одговара за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна дистрибуција на останатите банкарски производи и услуги;
  • Активно учествува во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
  • Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
  • Одговара за исполнувањето на бизнис целите и финансиските резултати на работењето на експозитурата.
 
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
 
Заинтересираните кандитати да испратат каратка биографија (CV) на jobs@unibank.com.mk најдоцна до 01.07.2021 година
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
 
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk  

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Banking amounts to 34.278 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more