Vrabotuvanje.com - ИТ Ревизор во дирекција за внатрешна ревизија - Скопје - Халкбанк А.Д. Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ИТ Ревизор во дирекција за внатрешна ревизија

Скопје

Application deadline:

  • Халкбанк А.Д. Скопје

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на пополнување на следната работна позиција во Банката:

ИТ Ревизор во Дирекција за внатрешна ревизија
Референца Бр. 007/2021

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо образование во делот на информатички технологии
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање, познавање на дополнителен јазик ќе биде од полза
  • Пожелно е да се поседува CISA сертификат или во процес на стекнување и полагање на испитите за стекнување со сертификатот
  • Возачка дозвола Б категорија

Истовремено, кандидатот треба да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

  • ИТ Ревизорски програми и алатки за вршење ревизија како CAATs
  • COBIT и ISO270001
  • Проценка и анализа на сигурносни и ИТ ризици и управување со ранливости
  • Законска регулатива од областа на ИТ банкарски системи
  • Работни процеси во банкарството и нивно автоматизирање преку ИТ
  • Банкарски софтвер и системи, MS SQL, мрежни системи (Cisco Routing/Checkpoint Firewall), управување со ИТ и контроли, системи и инфраструктура, LifeCycle Management, ИТ како сервис и поддршка на процеси, контроли од информациска сигурност
  • Професионален и темелен пристап кон работните обврски
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови
  • Чесност, доверливост и интегритет
  • Одржување на компетентност во областа и превземање одговорност кон доделени задачи
  • Одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување
  • Професионален изглед и однесување

За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:

  • Следење на развојот, планирање, одржување и ревизија на хардверски и софтверски решенија за банкарски проекти
  • Вршење на ревизии на информациски системи, информатичка технологија, контрола на безбедноста на информациите согласно регулатива, критеруими и стандарди
  • ИТ поддршка на финансиски и други интерни ревизии, интеграција со останати ревизорски активности, ИТ ревизија и регулаторно известување
  • Усогласеност со соодветни стандарди, процедури, етички принципи и контроли за информатичките системи преку известување и препораки и инфомирање во врска со извршената работа, откривајќи ги сите значајни познати факти
  • Поддршка на стручното образование на засегнатите страни во подобрувањето на нивното разбирање на безбедноста и контролата на информациската сигурност
  • Соработка со надворешни ревизори и останати инстанци
  • Имплементација на политики, процедури и методологии за спроведување ИТ ревизија
  • Соработка и асистирање на Директор на Дирекција за внатрешна ревизија при планирање на ревизија засновани на ризик и препорачување на ризичните области на банката кои треба да се ревидираат
  • Подготовка и спроведување на прашалници, листи за проверка и тестови за ИТ ревизија
  • Подготовка на нацрт-извештаи за ИТ ревизија, следење на наодите и навременост при исправките
  • Контактирање, дискусија, информирање и толкување на наоди и препораки од ИТ ревизија со останатите одговорни и инволвирани лица и инстанци
  • Асистира во изготвувањето и спроведувањето на Годишен план за ревизија
  • Вршење на ИТ истраги и поврзани активности доделени од менаџментот на Банката
     
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 23.06.2021 година на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 007/2021 – ИТ Ревизор.
 
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година. 
 
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Banking amounts to 34.278 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more