Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
Во одделот Информатички и телекомуникациски технологии, бараме:
СЕНИОР СПЕЦИЈАЛИСТ за ИКТ СИГУРНОСТ (М/Ж)
Работни задачи:
- Учествува во креирање на контроли за безбедност на информации, координација и спроведување на истите Анализа на ризици поврзани со ИТ
- Спроведување и одржување на политиката и процедурите за безбедност на информации
- Координација на активностите во врска со воспоставување планови за деловен континуитет и негово тестирање
- Координација на активностите во врска со воспоставување на план за Disaster recovery и негово тестирање
- Доделување права на пристап за специјални корисници во ИТ одделот, поделба на должности
- Планирање на обука за безбедност на информации
- Редовно одржување на процесот на управување со безбедноста на информативниот систем, периодичен преглед на правата за пристап за редовни и специјални корисници
- Учество во воспоставување на процеси на управување со безбедноста на информативниот систем,
- Координирање на различни задачи поврзани со безбедноста на информациите
Потребни компетенции:
- Универзитетска диплома - компјутерски науки
- Одлично познавање на англиски јазик Минимум 5 години работно искуство во ИТ секторот или минимум 3 години работно искуство во сектор Енергетика
- Добро познавање на ИТ платформите
- Објективност, претпазливост и доверливост
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 05.07.2021.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.