Vrabotuvanje.com - Раководител на Маркетинг и Унапредувач на бизнис (Business Developer) - Скопје - МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на Маркетинг и Унапредувач на бизнис (Business Developer)

Скопје

Application deadline:

  • МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ

Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул.Крсте Мисирков бр.76 Скопје, пoштенски факс бр.915, Лиценцирана од страна на Народна Банка на Р. Македонија како  Давател на услугата Брз Трансфер на Пари - MoneyGram, oбјавува :
 
ОГЛАС 
за Раководител на Маркетинг и Унапредувач на бизнис (Business Developer) 

Нашата компанија има потреба од искусен и снаодлив Раководител на Маркетинг и Унапредувач на бизнисот. Бараме професионалец кој има способност да ги искористи деловните трендови и кој може да придонесе во создавање на долгорочна вредност за компанијата.
Кандидатите треба да имаат силни комуникациски вештини и треба да бидат подготвени да патуваат.

Работни задачи и одговорности:

  • Анализа на терен и таргетирање на соодветни бизниси за соработка;
  • Промоција на услугата и производите на MoneyGram и Монета;
  • Одржување на плодни врски со клиентите и ефикасно решавање на нивните барања и потреби;
  • Истражување и идентификување на нови можности на пазарот;
  • Непосредна контрола над субагентите за почитување на законските одредби во скоп на делокругот на работа;
  • Во соработка со субагентите, да работи на развивање и зголемување на обемот на работата –транскациите;
  • Анализа на конкуренцијата;
  • Помош при брендирање и снабдување на субагентите со маркетиншки и промотивни материјали;
  • Активно учество во креирање на нови маркетиншки активности и кампањи;
  • Негување заедничка соработка во рамките на организацијата.
  •     Реализирање на годишниот маркетинг план ;
  • Дизајнирање на маркетинг материјали на  друштвото и тоа: изработка на брошури, флаери, постери, знамиња, итн.
  • Реализира  различни активности за промоција на услуги;
  • Помага при реализирање на настани организирани или спонзорирани од страна на  Д.У МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС Дооел, Скопје, дизајнот, изгледот и организацијата на постери, флаери, тезги, итн, за овие настани;
  • Подговтување на материјалите за маркетинг и нивното доставување до сите агенти;
  • Планира и управува со активностите на социјалните мрежи како ФБ, Инстаграм и официалната Веб Страна на Монета ;
  • Управува со електронскиот и печатениот маркетинг на МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС Дооел, Скопје ;
  • Формира листа за контакт на клиентите, да ги информираа за нови услуги или било кој настан организиран од МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС Дооел, Скопје ;
  • Обезбедува навремено нарачување на промотивни материјали, како што се брошури, реклами, итн.;
  • Врши и други работи по налог на Управителот.


Подготовка и професионални вештини:

  • Минимум ССС, додека ВСС ќе се смета за предност;
  • Минимум 3 години работно искуство;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија – активен возач;
  • Одлично познавање на MS Office, особено Excel и Access, Photoshop, Ilustrator, Corel;
  • Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски јазик;
  • Високо развиени комуникациски, преговарачки и организациски вештини;
  • Способност за работа под притисок и работа со таргети.

Зошто треба да аплицирате:

  • Одлични можности за раст и професионално напредување;
  • Работа во успешна и стабилна компанија, претставник на добро познат интернационален бренд, каде што тимскиот дух континуирано се гради и е основа за понатамошни уште поголеми успеси;
  • Професионални обуки организирани од страна на работодавачот;
  • Службено возило достапно за потребите на работната позиција;
  • Загарантирана фиксна плата зголемена за месечни бонуси поврзани со реализација на месечните таргети;
  • Секој исклучителен резултат е соодветно наградуван;
  • Можност два годишни бонуси како резултат на успешното работење на компанијата.   
 
Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија, заедно со мотивационо писмо да го испратат преку полето Брза Апликација или на адреса: ул. Битпазарска бр.60/1-1, 1000 Скопје, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за Раководител на Маркетинг и Унапредувач на мрежа (Business Developer)”.
 

Напомена:

Огласот важи од 25.06.2021 година до 09.07.2021 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Аплицирајте веднаш, Ве очекуваме!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more