Неопходни компетенции:
- Средно образование ССП (градежен техничар или хемиски техничар);
- Со работно искуство од најмалку 2 години,
- Познавање на методи и стандарди за испитување на асфалт
- Познавање на англиски јазик,
- Работа со компјутери (MS Office, Internet, Auto CAD),
- Поседување возачка дозвола Б категорија.
- Работниот однос се заснова на определено време во траење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување.
Потребни способности и вештини:
- Организираност и одговорност;
- Способност за тимска работа;
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
- Способност за работа под притисок и кратки рокови.
Клучни одговорности и задачи:
- Oдговорен е за подготвување на материјалите, алатите, опремата за изведување на сите работи поврзани со дејностите на Завод лабораторија;
- Врши класификација и обработка на резултатите, техничка обработка и изработува писмен извештај;
- Помага и учествува во вршењето техничка контрола-надзор на објекти, проект и испитувања и подготвува техничка документација.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 12 (дванаесет) месеци.
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација.