Друштво за меѓународен и внатрешен превоз на стоки ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО - Скопје
Основана во 2013 година, Фалкон Логистик е успешна македонска компанија која се занимава со давање на логистички услуги на домашни и странски компании. Со тим од 40 вработени и канцеларии во 14 градови низ Македонија, компанијата навистина ги поместува гранциите за квалитет во обезбедување на поштенски, курирски и логистички услуги. Станете и вие дел од приказната на Фалкон Логистик!
Заедно со својата сестринска компанија Викторија Шпед од Скопје, компанијата има годишен обрт од скоро 5 милиони евра, а во портфолиото на Фалкон Логистик се наоѓаат едни од најголемите македонски, европски и светски брендови од областа на автоиндустријата, аутомотив секторот, конзумер електроникс, ИТ секторот и, секако, стоките за широка потрошувачка.
ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО
има потреба од следната работна позиција:
АДМИНИСТРАТОР ВО ФИНАНСИИ
Опис на работата:
- Подига пари во денари за намирување на трошоци во готово и подготвува налози и решенија за патни и дневни трошоци за службени патувања и месечни прегледи за службени патувања во земјата;
- Подготовка на откупни листи;
- Благајничко работење;
- Врши и други работи што ќе му ги довери раководителот, а се во надлежност на одделението.
Потребни квалификации:
- Економски факултет - VII1степен
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Возачка дозвола Б категорија;
- Познавање на MS Office апликации и користење на Интернет;
- Одговорна, добро организирана и доверлива личност;
- Способност за тимска работа.
Ние нудиме:
- Одлични услови и обука од страна на компанијата;
- Работно време: Од 08:00 до 16:00 (понеделник- петок).
Доколку сте заинтересирани и соодведствувате со опишаниот профил, Ве покануваме Вашата професионална биографија да ја испратите преку полето Брза Апликација.