Vrabotuvanje.com - Манипулант – општ работник (склад Илинден) - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Манипулант – општ работник (склад Илинден)

Скопје

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци на работно место манипулант – општ работник во Скопје – работна единица (Склад Илинден) во Дирекцијата за големопродажба.
 
 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Со или без работно искуство.

Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до сабота.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 19.000 денари.
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно законските и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
• Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува);
Препорака од претходен работодавач (доколку поседува).
 
 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Симе Манчески
телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува од денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more