Vrabotuvanje.com - Агенти за продажба и маркетинг - Скопје, Тетово, Битола и Штип - Скопје, Тетово, Битола и Штип - Lycamobile
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Агенти за продажба и маркетинг - Скопје, Тетово, Битола и Штип

Скопје, Тетово, Битола и Штип

Application deadline:

  • Lycamobile

Мисијата на Lycamobile е да ги поврзе пријателите и семејството околу целиот свет. Како најголем светски меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO), Lycamobile обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји. Со самото проширување нуди широк спектар на финансиски и туристички услуги, вклучувајќи ги и Lycamoney и Lycafly, кои им помагаат на луѓето да контактираат преку границите. На македонскиот пазар веќе неколку години семејството на Лајкамобајл е во пораст, преку понуда која вклучува пакети со мобилни комункациски услуги достапни по атркативни цени и врвен квалитет.
 
Како резултат на проширување на нашите деловни операции, во потрага сме по нови членови на тимот за Продажба на позицијата:
 
 
АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ-  СКОПЈЕ, ТЕТОВО, БИТОЛА И ШТИП
 
 
Главни одговорности:
  • Промоција и продажба на сите продукти на Компанијата;
  • Директна комуникација со Клиентите и понуда на услугите на Компанијата;
  • Планирање, организација и изведување на промоциони и маркетинг настани;
  • Делење на промоциони и маркетинг материјали со цел соодветно информирање на Клиентите за продуктите и тековните понуди на Компанијата;
  • Работа на штанд.
 
Квалификации: 
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини;
  • Организациски и аналитички способности;
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
  • Одговорна, мотивирана и стабилна личност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Флексибилност за работа на терен;
  • Возачка дозвола Б категорија.
 
Што нудиме:
  • Работа во динамична и пријатна канцелариска работна атмосфера полна со интересни предизвици, во сектор телекомуникации и интернационална компанија
  • Конкурентна плата и останати бенефиции
  • Работно време од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот
  • Почеток со работа – веднаш или по договор
 
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија на следната е-маил адреса: Hr@lycamobile.mk, задолжително со назнака „За агент за продажба и маркетинг (ГРАД ЗА КОЈ ШТО АПЛИЦИРАТЕ)”.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more