КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
Планер на продажба во сектор за логистика
Работни задачи и одговорности:
- Координација на дневниот и неделниот план за продажба, како и долгорочното планирање и следење на побарувањата од клиените
- Планерот за продажба дирекно контактира и соработува со клиентите, водечките производители на автомобили.
- Планерот дирекнo соработува со одделот за планирање на производство, магацин и одделот за транспорт и царина;
- Го подготвува и реализира дневниот/неделниот план за продажба, според побарувањата на клиентите
- Го следи реализирањето на планот за продажба, одржуваќи ги на оптималното ниво залихите за готови производи во согласност со параметрите за планирање на продажбата
- Го подготвува транспортниот план за извоз и врши контрола на неговата реализација.
- Го прегледува планот за производство, бара негово прилагодување во зависност од планот за продажба и врши контрола на реализацијата
Образование, искуство, вештини:
- ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail)
- Искуство во работа на B2B проекти и опкружување
- Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Планер на продажба " преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.