Компанијата ЛЕОМАР ГРОУП доо е овластен дистрибутер на брендот за долна облека Bonatti и хулахопки Fiore за Македонија. Брендови кои станаа препознатливи по својата удобност и квалитет, по пристапни цени.
Поради зголемување на обемот на работење, имаме потреба за:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАРКЕТИНГ
Опис на работно место:
- Учество во изработка на годишни стратегии и кампањи заради континуирана промоција на брендот и компанијата
- Креирање, координација и спроведување на маркетинг кампањите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, You Tube);
- Учество во изработка на стратегии и буџети за реализација на дигитални кампањи (Facebook, Instagram, Google Ads, Linkedln);
- Учествува во изработка на креативна содржина за комуникација и интеракција со следбениците на социјалните медиуми;
- Ажурирање на web страна
- Одговорен за web shop продажба
- Комуникација со јавност
- Грижа за потрошувачите
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во маркетинг
- Развиени маркетиншки и продажни способности
- Одлично познавање на функционирањето на социјалните мрежи
- Солидно познавање на MS Office пакетот, Adobe Photoshop, Adobe Illustrator
- Иницијативност, креативност, иновативност, прецизност, придржување до рокови, лојалност
- Спремност за едукативна надградба и обука
- Возачка дозвола Б категорија;
- Одлично познавање на Англиски јазик
Препорака од претходно работно место ќе се смета за предност.