Vrabotuvanje.com - Службеник за индиректни набавки - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Службеник за индиректни набавки

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА


КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
СЛУЖБЕНИК ЗА ИНДИРЕКТНИ НАБАВКИ
 
 
Работни задачи и одговорности 
  • Менаџирање и координирање на добавувачите со цел да се обезбеди точна и навремена испорака на материјалите, според договорената цена;
  • Создавање стратегија за набвка на потрошните материјали врз основа на актуелните анализи за потрошувачка; 
  • Анализа и преглед на македонските и меѓународните пазари за набавка на индиректни материјали;
  • Анализирање и евалуација на предлози и понуди доставени од страна на добавувачитеКонтролирање на трошоците и керирање на стратегија за обезбедување на заштеда при набавки;
  • Соработка со клучните одделенија во компанијата со цел утврдување на нивните потреби за производите и услугите;
  • Креирање нарачки и следење на статусот на нарачките со добавувачите со цел обезбедување навремена испорака;
  • Следење на квалитетот и навременоста на испорачаните материјали и стоки;
  • Комуницирање за статусот на нарачки со внатрешните корисници.
     
Образование, искуство, вештини 
  • ВСС од техничките науки или економски науки;
  • Најмалку 2 години искуство во набавки на директни материјали преферирано во автомобилска или слична индустрија;
  • Напредно работење во SAP MM Module ќе се смета за предност;
  • Искуство со комплексни ценовни преговори и анализи на трошоци;
  • Способност за преговарање за добивање понуди, преговарање и анализа на Договори за услуиги;
  • Искуство со комплексни системи за снабдување и логистика ќе се смета за предност;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Службеник за индиректни набавки" преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more