Vrabotuvanje.com - ЕВН - Идната генерација - Територија на Р.Македонија - ЕВН Електродистрибуција дооел
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ЕВН - Идната генерација

Територија на Р.Македонија

Application deadline:

  • ЕВН Електродистрибуција дооел


Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија примарна дејност е дистрибуција на електрична енергија на територијата на целата држава. Најважната цел ни е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.
Ве покануваме да земете учество во нашата Програма за учење и развој:


ЕВН - ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

КОИ се кандидатите кои ги бараме?
Апсолвенти/ки или штотуку дипломирани инженери/ки од областа на Електроенергетските системи. Од нашите идни колеги/шки очекуваме отвореност, посветеност, дисциплинираност, конструктивен пристап, способност за прилагодување на различни ситуации и средини, како и подготвеност за работа во различни градови во државата.


ШТО нудиме?
Договор за вработување на една година, со можност за продолжување на договорот. Менторски систем, директно вклучување во работниот процес и специјализирани обуки од долгогодишни експерти во областа. Нето примања од најмалку 35.000 денари по успешно завршување на програмата.

КАДЕ се одвива програмата?
Вашите задачи ќе ги извршувате во нашите Кориснички Енерго Центри во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Велес, Куманово, Кратово, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Делчево, Кочани и Штип каде ќе Ве обучиме и подготвиме за идните предизвици.

КОЛКУ трае програмата?
Програмата трае 12 месеци и вклучува ротации во должина од шест месеци во 2 различни Кориснички Енерго Центри. Преку работа на проектите ќе имате можност да учите и да ги развивате вашите потенцијали.

Сакате да аплицирате?
Испратете ја Вашата Биографија, мотивациско писмо и потврда за положени испити на jobs.elektrodistribucija@evn.mk со назнака “ИГЕВН” најдоцна до 31.08.2021

Ги покануваме сите кандидати кои ги исполнуваат условите да аплицираат.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса или етничко потекло, боја на кожа, пол, возраст, здравствена состојба, вид на попреченост, религиско, политичко или друго убедување, членство во синдикати, национално или социјално потекло, семеен или социјален статус, полова определба или други лични услови.

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more