Vrabotuvanje.com - Специјалист за Маркетинг истражување - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за Маркетинг истражување

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. 

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo  лицe на работно место:

Специјалист за Маркетинг истражување
 
Одговорности:
  • Развивање краткорочни, средни и долгорочни планови за истражување на пазарот за сегментите за приватни и деловни корисници во согласност со оперативниот план за маркетинг;
  • Спроведува квантитативни или квалитативни истражувања на пазарот поврзани со воведувањето на нови телекомуникациски производи и услуги во сите сегменти;
  • Подготвува и искористува буџет за истражување за спроведување на оптимален сет на маркетинг истражувања;
  • Одговорен за управување со редовниот процес за подобрување на задоволството на корисниците, вклучувајќи редовно поднесување на извештаи, организирање на работилници поврзани со иницирање на корективни активности и следење;
  • Активна соработка на ниво на ДТ групацијата околу сите активности за мерење на задоволсвото на корисниците
  • Ги извршува следниве активности во врска со спроведените истражувања поврзани со нови производи, тарифи, задоволство на корисниците:
  • Дизајнира инструменти за анкети, прашалници и ги координира сите интерни области кои го користат истражувањето како и агенциите кои треба да го спроведат истражувањето;
  • Презентира наоди од истражувањата;
  • Бенчмаркинг и истражување за најдобри практики;
  • Следење и анализа на наодите од истражувањата;
  • Дава препораки за подобрувања на извршувањето на работата на организацијата;
  • Ги следи активностите на пазарот за телекомуникации и редовно информира за истите
Што очекуваме:
  • Концептуално размислување;
  • Напредни аналитички способности;
  • Самоиницијативност и ориентираност кон резултати;
  • Тимска работа и градење на тимскиот дух;
  • Комуникациски способности;
  • Способност за работа под притисок и работење со кратки рокови
Квалификации:
  • Високо образование (Економски факултет, Технички факултет – Електротехника,  Информатички технологии, или останати факултети);
  • 3-5 години соодветно работно искуство (како предност ќе се смета искуство во агенции за маркетинг истражувања и искуство со истражувања на телекомуникациски услуги);
  • Познавање на техники и методологии за истражување на пазарот;
  • Познавање на маркетинг процеси и активности;
  • Познавање на пазарот за телекомуникации;
  • Аналитички пристап и познавање на методи за статистичка анализа;
  • Задолжително познавање на СПСС;
  • Познавање на иновативните услуги на главната телекомуникациска индустрија и способност за навремено препознавање на влијанието;   
  • Напредно познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint);
  • Активно познавање на англиски јазик (вербална и пишана комуникација)

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)
Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  -  Специјалист за Маркетинг истражување

Огласот ќе биде објавен на ден  26.07.2021 година и ќе трае  до  06.08.2021 година.

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more