Потребни квалификации:
- ВСС- Дипломиран инженер Геодет
- Работно искуство во струката
- Познавање на работа на компјутер (ACAD, MS Office, MS Project)
- Познавање на англиски јазик
Клучни одговорности и задачи:
- Ја прибира техничката документација која е потребна за градење на објектот (главен проект, локација, протокол и друго)
- Го обележува објектот на терен, го осигурува, координатно и висински со стални точки
- Ги снима нивелетски сите поставени профили и ја обрачунува разликата за ископи или насипи
- Врши тахиметриско и нивелманско снимање ако е тоа потребно за градба на објектот и ги врши сите потребни геодетски пресметувања
- Води потребна геодетска документација за градба на објектот (скици, нивелмански записници, обрасци и друго)
- Покрај главниот објект одбележува и снима други објекти (разни канализации, улици, водоводни мрежи, телефонски инсталации, електро инсталации и друго) и води потребна документација со скици и записници
Компанијата нуди:
- Плата за огласеното работно место изнесува од 25.000,00 до 45.000,00 денари во зависност од работното искуство
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае седум работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.